Jump to main content
Роденденски бувчиња
Роденденски бувчиња
Запознајте го

Роденденски бувчиња

Роденденските бувчиња, Бувче Тортичка и Бувче Балонче не само што ќе ги прослават сите родендени и посебни пригоди со вас, туку и ќе ве научат дека секој ден е посебен и дека треба да ги славите сите достигнувања и победи, без разлика дали се големи или мали.

Бувчето Тортичка, освен колачи и десерти, сака и други слатки нешта во животот - играње со семејството и пријателите, смеење до солзи, силно гушкање и танцување. Бувчето Тортичка знае дека треба да уживаме секој ден, како да ни е роденден и дека најслатките мигови траат најдолго. Тоа е тајната на животот. Бувчето Балонче носи круна, бидејќи тоа е крал на забавата, секогаш распеано, разиграно и насмеано. Ќе ве научи дека секогаш треба да се забавувате, бидејќи забавата ја поттикнува креативноста, енергијата и продуктивноста. И секако ќе ве научи да правите форми на животни од балони. Бувчето Балонче знае дека среќно дете е разиграно дете, кое е присутно во моментот и знае дека секој ден е ден за игра и забава.

Играјте со Хоо-Хоо Бувчињата!

Игри

Покријте со најтоплото Хоо-Хоо ќебенце и забавувајте се со играње на вашите омилени игри.

  • Хоо-Хоо Бувчињата со чувства ќе станат најомиленото меко другарче на вашето дете. Тоа ќе му понуди утеха и мекост, секогаш кога ќе го прегрнат.
  • Бувчињата ја охрабруваат креативната игра, што им помага на децата да научат да решаваат проблеми и да носат одлуки.
  • Тие ги учат децата за чувствата и ги охрабруваат да ги изразат на безбеден и забавен начин.
Играчка! + Перница! + Ќебе!

Каде да ги купите?

Нашите бувчиња го чекаат вашиот повик.

Нарачајте онлајн! Еден клик ве дели од вашето бувче.

Најдете ја најблиската продавница