
Merry и Jolly
Вујкото Jolly и тетката Merry се забавни и смешни и секогаш носат најголема радост за време на празниците
Вујко Jolly ужива да ги гледа старите Божиќни филмови, да лета низ соседството, загледан во украсните светилки и да пее божиќни песни. Тој исто така ужива во домашните колачиња и во правењето снежни бувчиња, со моркови нaместо клунови. И покрај тоа што секогаш носи многу подароци за целото семејство, неговиот најголем подарок е бесценет - неговото гласно и весело смеење. Тетка Merry ужива да ги штипка детските обравчиња, да ѝ помага на мајката бувче во подготовка на вкусна храна, да ја украсува елката со бонбони и да направи илјадници фотографии од сè и сешто. И секоја година го носи минатогодишниот божиќен албум, за да ни го покаже. Таа секогаш смислува нови игри, кои стануваат семејна традиција - оваа година, ќе организира караоке вечер, бидејќи обожава да пее новогодишни песни повеќе од сè на свет.

- Хоо-Хоо Бувчињата со чувства ќе станат најомиленото меко другарче на вашето дете. Тоа ќе му понуди утеха и мекост, секогаш кога ќе го прегрнат.
- Бувчињата ја охрабруваат креативната игра, што им помага на децата да научат да решаваат проблеми и да носат одлуки.
- Тие ги учат децата за чувствата и ги охрабруваат да ги изразат на безбеден и забавен начин.
